Билетите за финалето на Евровизија што ќе се одржи на 18 мај во Тел Авив чинат 1.000 евра. Ова се најскапите билети за едно финале на Евросонг досега, велат евровизиските фанови што секоја година одат на музичкото натпреварување. Според нив, Тел Авив е една од најскапите дестинации на коишто се одржувала Евровизија.
За потсетување, вечерва на Евровизија е второто полуфинале. Тамара Тодевска ќе настапи претпоследна, под реден број 17.
Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота, а со две песни ќе настапи и Мадона.
Текстот Билетите за финалето на Евровизија чинат 1.000 евра е превземен од Reporter.mk.