Блогерка ќе оди в затвор, лажела дека го победила ракот со здрава исхрана

Австралиската блогерка Бела Гибсон (26) ќе оди во затвор откако е обвинета дека ја лажела јавноста оти го победила ракот со здрава исхрана. Судот смета дека таа на овој начин ги наведувала луѓето да ги купуваат нејзините книги и апликации за мобилен телефон во кои се рекламирале производи. Судот ѝ наложил на Бела да плати 410.000 долари, пари што ги присвоила со продажбата на книгите и апликацијата. Затворската казна ќе ја одреди дополнително.

Иако Бела рекла дека дел од собраните средства давала во хуманитарни цели, истрагата докажала дека парите ги задржала за себе. Австралиските медиуми денес ја нарекуваат „најболната измамничка“.

Бела стана позната во 2013 година, откако почнала да ги рекламира своите книги на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Велела дека ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот и преку социјалните мрежи лажела дека ѝ остануваат само пет месеци живот. Неколку месеци подоцна објавила дека го излекувала туморот, дека го отфрлила конвенционалниот начин на лекување и дека оздравела со здрава исхрана. Кога јавноста почнала да ја испитува вистинитоста на нејзините тврдења, Бела признала дека никогаш не боледувала од рак.

Текстот Блогерка ќе оди в затвор, лажела дека го победила ракот со здрава исхрана е превземен од Reporter.mk.