Неколку километри од прстолнината на Катар, Доха, се наоѓа вистинска оаза која потсетува на на Малдивите – островот Банана.
Станува збот за луксузното одмаралиште кое започна со работа пред четири години и веднаш ги привлече најбогатите клиенти од целиот свет.
За да стигнете до островот мора да пловите со катамаран кој испловува од Dhow, со сопствена јахта или пак со хеликоптер.
Доколку посетителите изберат катамаран ќе доживеат единствено искуство кога при дваесетминутното патување ќе бидат послужени со вистинско арапско кафе.
Додека се приближувате до островот ќе имате чувство дека сте стигнале на Малдивите, а на самиот остров ве чекаат голем број опции за сместување – од апартмани до цели вили.
Плажата е долга 800 метри, а погодна е и за оние кои сакаат да уживаат како и за оние кои се занимаваат со спортовите на вода. Забрането е да се носи сопствен алкохол на островот, а сѐ што ви е потребно ќе ви обезбедат бројните ресторани кои се наоѓаат на островот.
Текстот Бнана е новиот рајскиот остров е превземен од Reporter.mk.