Бојата на очите открива какви сте

Бојата на очите кажува многу за карактерот на луѓето, велат експертите.

Кафеави очи

Луѓето со кафеави очи секогаш се подготвени да прифатат каков било предизвик. Никогаш нема да се откажат од борба и ќе дадат се од себе да докажат дека тие се најдобри. Доста се чувствителни и секогаш се љубезни кон другите луѓе но само додека е се како што тие сакаат. Сакаат авантури и да запознаваат нови луѓе. Темпераментни се. Бегајте подалеку од нив кога се лути. Сакаат промени и спонтани се. Убави се и елегантни. Кога станува збор за љубовните врски во нивно друштво треба да внимавате. Тие сакаат кратки врски, а често пати нема ни да забележат дека ве завеле. Многу се енергични и храбри и сакаат да експериментираат во животот.

Сини очи

Велат дека оваа боја е најпосакувана. Сините очи како и кафеавите се доста распространети. Луѓето со сини очи имаат ведар дух. Овие луѓе се шармантни, привлечни и вистински пријатели. Сините очи донесуваат спонтаност и енергичност. Луѓето со сини очи живеат живот со полни гради. Секогаш искрено ќе се трудат да ви помогнат. Продуховени се и повеќе се наклонети кон подолгите љубовни врски. Сакаат среќно семејство и очекуваат верност од партнерот. Имаат силно изразена моќ на забележување и ништо нема да им избега. Отворени се по прашање на чувствата и не се срамежливи.

Зелени очи

Луѓето со зелени очи се енергични и креативни. Сакаат авантури и ги прифаќаат сите предизвици кои се наоѓаат пред нив. Ќе ви се одмаздат ако ги измамите или излажете. Интелигенцијата е нивната посилна страна. Никогаш нема да дозволат нешто или некој да им се препречат на патот кон среќата. Тие се страсни љубовници и сакаат долги врски. Понекогаш можат да бидат многу љубоморни. Привлечни се и имаат најсексапилна боја на очите. Сакаат да ги забавуваат луѓето. Можете да им верувате, но ако ги навредите секогаш ќе ви одговорат и ќе направат будала од вас.

Сиви очи

Луѓето со сиви очи се родени да бидат лидери. Имаат моќ да решаваат големи проблеми помеѓу луѓето бидејќи секогаш имаат позитивно решение. Тие се мошне силни личности и поседуваат силна енергија која ги штити од надворешните притисоци. Лесно се прилагодуваат и не постои ситуација или околина на која не може да се прилагодат. Имаат чуден карактер и секогаш делуваат како да се зафатени. Не поднесуваат стагнација и монотонија. Секогаш мораат нешто да работат. Луѓето сакаат да бидат во нивна близина бидејќи имаат смирувачка енергија. Се водат од разумот и умеат да чуваат тајни. Педантни се, но не се деталисти. За нив е лесно да си го организираат животот врз основа на нивното практично размислување и паметни одлуки. Тие се лојални и тежнеат кон долги љубовни врски. Верни се и одлични љубовници.

Црни очи

Црната боја на очите е мошне ретка. Луѓето со црни очи имаат многу темни кафеави очи. Имаат хиперактивен темперамент и полни се со страст. Никогаш нема да ги остават недовршени нивните обврски и ќе вложат 100 отсто енергија да го завршат тоа што го почнале. Имаат натпреварувачки дух и секогаш се обидуваат да бидат супериорни. Луѓето со црни очи се таинствени. Не се отвораат лесно пред другите луѓе. Тоа понекогаш е пречка да започнат љубовна врска. Но кога ќе се вљубат тие се верни партнери. Често имаат цврсти ставови. На овие луѓе можете да им верувате и секогаш да се потпрете на нив. Никогаш нема да ве изневерат. Но, имаат дух на кавгаџии и секогаш ги бранат своите ставови дури и кога знаат дека згрешиле. Луѓето со црни очи не се трпеливи и не можат долго да чекаат.

Текстот Бојата на очите открива какви сте е превземен од Reporter.mk.