Болницата во Охајо каде што е опериран астронаутот Нил Армстронг се спогоди со неговото семејство да им исплати шест милиони долари отштета заради постоперативните компликации што доведоа до неговата смрт во 2012 година. Парите ќе ги добијат 10 члена на семејството на Армстронг, но меѓу нив не е неговата вдовица Керол, пренесува „Асошиејтед прес“.
Армстронг бил примен во болница во август 2012 година за да му се направи операција на срце. Иако операцијата била успешна, настанале постоперативни компликации од кои тој починал. Астронаутот имал 82 години.
По ова семејството ја тужеше болницата. Лекарите тврделе дека не направиле никаква грешка при лечењето, но сепак се сложиле да исплатат отштета за да не добијат негативен публицитет во медиумите.
Сепак, информацијата за спогодбата излезе во јавноста, и тоа само неколку дена откако се навршија 50 години од денот кога Нил Армстрон првпат стапна на Месечината.
Текстот Болница исплати милионска отштета на семејството на Нил Армстронг е превземен од Reporter.mk.