Персоналот од една калифорниска болница одлучи за децата пациенти да набави електрични автомобилчиња со надеж дека на тој начин тие ќе се ослободат од стресот и анксиозноста, пренесува Scary Mommy.
Насмеаните деца сега уживаат во малите електрични верзии на Мерцедес и Фолксваген, во кои можат да пуштаат и музика. Автомобилчињата имаат функционални светла, вратите им се отвораат и затвораат, а возачите можат да се врзат и со безбедносен појас.
Идејата за ваков начин децата со забава да се борат против болестите ја дала една од медицинските сестри во болницата.
Текстот Болните деца добија електрични автомобили е превземен од Reporter.mk.