Бон тон: Чаши за црвено и бело вино

Се прашувате како да одберете соодветни чаши за црвено и бело вино?

Чашите за вино се основна опрема во секој домашен бар. Корисни се за домашни прослави, состаноци со пријателите и романтичните вечери за двајца.

Секоја врста вино бара различна чаша. Во одредени чаши прикладно се послужува црвеното, а во други – белото.

Чаши за црвено вино

Ова вино е доста популарно за време на состаноците и забавите. Совршено ја нагласува свечената атмосфера и одлично се комбинира со црвеното месо, сирењето, но и со слатките верзии и десерти. 

Во кои чаши треба да го послужите?

За овој пијалак ви се потребни гломазни чаши со голем балон и долги нозе. Широката чаша ќе осигура поголем контакт на виното со воздухот, што му овозможува да развие полна арома.

Чаши за бело вино

Белото вино е лесно, свежо и освежувачко. Послужете го со риба, морски плодови, нежно сирење, салата и како аператив. Убаво се комбинира со лесни десерти, на пример овошни салата или сладолед. 

Во кои чаши треба да го послужите?

Чашите за бело вино се тенки, со тесен балон и долга нога. Чашата обично се стеснува спрема горе, потсетувајќи на цвеќето лале. Помалиот пречник, во споредба со чашите за црвено вино, овозможува подолго зачувување на аромата на белото вино.

Текстот Бон тон: Чаши за црвено и бело вино е превземен од Reporter.mk.