Борд од времето на Исус најден во близина на грчки остров

Остатоци од римски брод од времето на Исус Христос биле пронајдени недалеку од грчкиот остров на Кефалонија. На него биле најдени 6000 добро сочувани садови кои служеле за транспорт на вино и храна. Бродот од 33 метри би можел да донесе нови информации за некогашните поморски трговски патишта на Старите Римјани.

Остатоците од бродот биле најдени со помош на сонарна опрема во близина на Фискарда, на пристаништето на северот на Кефалонија, а се смета дека датира од периодот меѓу првиот век пред новата ера и првиот век по новата ера. Теретот кој бродот го пренесувал можел да се види на морското дно и тоа во прилично добра состојба.

Се работи за илјадници амфори кои со веколи поминале полузакопани во песек. Овие остатоци биле најдени на истокот на Медитеранот.

„Делумно овие амфори се наоѓале под песокот, но се надеваме дека ќе можеме во иднина да ископаме цел древен труп“, изјавил Џорџ Ферентинос од Универзитетот во Патри.

 

Текстот Борд од времето на Исус најден во близина на грчки остров е превземен од Reporter.mk.