Бразилскиот фотограф Себастиао Салгадо и неговата сопруга Лејла Делуиз Салгадо, му покажаа на светот дека и мала група на луѓе, може да промени многу, кога станува збор за зачувување на природата.
Тие заедно со своите пријатели започнале засадување на дрва и пошумување на еден огромен регион во Бразил. Себастиао е познат светски и многупати наградуван фотограф.
Тој вели дека не можел повеќе да ги гледа ужасите кои ги фотографирал, како геноцидот во Руанда, па решил да се врати во родниот Бразил каде почнал со пошумувањето.
Неговото родно место некогаш било целото покриено со шума, но кога се вратил назад, целиот регион бил пуст. Тоа што го дочекал целосно го уништило. Наместо природа и прекрасни дрва, земјата била сува. Немало дури ни животни. Неговата сопрга Лејла го убедила дека работите можат да се променат од корен.
„Земјата беше болна, како и јас. Сè беше уништено. Само околу 0.5% од земјата беше покриена со дрва. Тогаш мојата сопруга имаше неверојатна идеја. Таа предложи да посадиме нова шума. По првото засадување на дрвјата, земјата полека стана позелена. Прво се вратија инсектите, па птиците, рибите, а на крај дивите животни. Се чувствував како повторно да се родив“, изјавил Салгадо.
Брачната двојка подоцна го основала Институтот „Земја“, мала организација која од тогаш засадила дури 4 милиони дрвца и ја вратила шумата во првобитниот изглед.
„Можеби имаме решение. Постои само едно нешто кое може да го претвори јаглерод диоксидот во кислород, а тоа е дровото. Мораме повторно да ја засадиме шумата. А на нас останува да повториме да ја создадеме шумата со автохтони дрва. Сè што е потребно е да собереме семиња од истото подрачје во кое дрвата се садат. Ако садите шума која не му припаѓа на тоа подрачје, животните нема да дојдат, а шумата ќе биде пуста и тивка“, објаснува Себастиао.
Резултатот бил неверојатен. Се вратиле околу 172 типови на птици, 33 видови на цицачи, 293 видови билки, 15 видови рептили, цел екосистем бил обновен од нула. Овој проект ги инспирирал милиони луѓе и дал конкретен пример за позитивни еколошки акции. Двајцата покажале како околината со знаење и преданост може да се опорави.
„Мораме да ја слушаме природата затоа што таа е поврзана со сите суштества, а ако премногу се одалечиме од неа, се плашам дека тој пат може да заврши во пропаст“, објаснил Себастио.
Неговата неверојатна животна приказна може да се види во документарниот филм Salt of the Earth.