Браќата Бесим и Хамит Латифи поделија 400 оброци за дежурните во болницата во Тетово, Комуналец за полицијата и противпожарната единица Тетово. Тие се сопствениците на ресторанот „New Albis Гостивар“ и велат : со оглед на состојбата во која се наоѓаме заради појава на пандемијата од вирусот „Ковид 19“, во знак на почит и благодарност решивме да доставиме храна за целиот дежурен персонал , од сите институции и претпријатија кои се во првите редови и се соочуваат со оваа вонредна состојба. Па така, денес, над 400 пакувања со храна беа дистрибуирани на дежурниот персонал и тоа за ЈЗУ Општата болница „Др.Ферид Мурад“, Здравствениот Дом,Клиничка болница во Тетово, Општинско-гостиварско претпријатие Комуналец и противпожарната единица во Гостивар.



Текстот Браќа од Гостивар поделија 400 оброци за цел дежурен персонал е превземен од Reporter.mk.