Бразилската манекенка и водителка Каролина Битенкор се удавила во водите околу островот Илхабела, во обид да ги спаси нејзините кучиња.
Каролина пловела со јахта во близина на Сао Паоло кога ја зафатило силно невреме. Од силниот ветер кучињата паднале преку палубата. Каролина и нејзиниот сопруг Хорхе Сестинијем влегле во водата во обид да ги спасат.
„Скокна да ги спаси кучињата кои поради силниот ветер паднаа преку палубата“, изјавил личниот тренер и близок пријател на Каролина, Кан Сад.
По неколку часа, спасувачите успеале да го извлечат само Хорхе. За жал Каролина се удавила, изјавиле спасувачките тимови. Медиумите пишуваат дека во потрагата по Каролина учествувал и нејзиниот татко Орил, кој вели дека им помогнал на сапсувачите да го извлечат нејзиното тело од океанот.
Текстот Бразилска манекенка се удавила во обид да ги спаси нејзините кучиња е превземен од Reporter.mk.