Една од патничките на летот „Јунајтед ерлајнс“, била исфрлена од авионот од страна на службите поради скандалот кој го направила пред да полетаат. Жената која била бремена, ги нападнала луѓето кои седеле до неа нарекувајќи ги свињи. Таа се пожалила на својот соговорник преку телефон дека премногу ја притистнале на седиштето.
Инцидентот бил снимен од страна на Норма Роџерс, жената која седела до бремената патничка. Откако снимката се појавила на Фејсбук, инцидентот бил објавен од страна на медиумите. Досега има повеќе од 2.000.000 прегледи.
Роџерс на крајот ја замолила стјуардесата да ја преместат жената поради нејзините вербални навреди, а потоа и другите патници почнале да ја критикуваат поради нејзиниот испад. Жената на крајот била префрлена на друг лет.
„Кога стана јасно дека однесувањето на патниците веројатно ќе стане проблематично на летот, обезбеден е алтернативен аранжман веќе следното утро“, се наведува во соопштението на „Јунајтер ерлајнс“.
Текстот Бремена жена исфрлена од авион, се жалела дека патниците ја притискале е превземен од Reporter.mk.