Непознат Британец освои џекпот во висина од 190 милиони евра во наградната игра „Евромилион“. Мистериозниот маж стана најбогатиот добитник на една лотарија во својата земја.
Сумата од 190 милиони евра се собра по 18 одиграни кола, а подоцна беа потребни уште четири кола за да на крај биде освоен џекпотот. Од службите на лотаријата велат дека среќниот добитник досега не се јавил за да ги земе парите. Тие велат дека самиот тој ќе одлучи дали сака да остане анонимен или ќе го открие идентитетот.
Ова е четврти пат некој да му успее да освои еден ваков џекпот на Euro Milions, која покрај во Велика Британија, се игра во уште девет европски земји.
Текстот Британец освои џекпот од 190 милиони евра, уште не се јавил да си ги земе парите е превземен од Reporter.mk.