Мари Букан од Британија, мајка на осум деца, прима државна помош од 33,700 евра годишно. Таа вели дека дел од парите сака да ги потроши на зголемување на градите. Опрацијата која ќе ја прави во Турција чини 2800 евра, колку што ѝ е месечната парична помош. Но, таа вели дека парите за зголемување на гради се заштедени, а не од оние кои ги добива од државта.
„Со операцијата во иднина ќе се чувствувам поубаво. Не пијам, не пушам, не излегувам по клубови. Штедев две години од својата плата за да соберам средства. Ништо не плаќам од државната помош која ја примам“, вели Мари.
Букан со нејзините осум деца живее во четирисобен стан во Бирмингем. Работи како асистент за нега, но е ѝ механичар на автомобили, а државна помош ѝ следува затоа што во неделата има помалку од 16 работни часови, а тоа не е доволно, па затоа и следи доплнителна парична помош.
Мари на 6 јануари ќе патува во Истанбул каде ќе биде три дена во хотел, но трошоците за нејзиниот престој во Турција ги покрива клиниката каде ќе биде и операцијата за зголемување на градите.
Парите за операција ги собрала од продажбата на автомобилот и од заштедата од платите. Вели дека парите од државната помош ги троши исклучиво на децата. На Мари не ѝ сметаат критиките од пријателите и комшиите, затоа што конечно ќе и се исполни сонот да има големи гради.
Текстот Британка прима државна помош, со парите ќе ги зголеми градите е превземен од Reporter.mk.