Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини. Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, а го има и на официјалниот сајт на Евровизија.
„Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БН“Т – се вели во соопштението.
Нашата земја оваа година ќе ја преставува пејачката Тамара Тодевска, за која се ангажирани дури тројца автори за да и ја направат песната. Македонија, со години наназат од таму се враќа со лош пласман.
Текстот Бугарија се откажа од Евросон, трошоците се големи е превземен од Reporter.mk.