Бумбарите кои важат за едни од најважнтие запрашувачи во природата, поради климатските промени, денес се под закана да исчезнат. Нивниот број е драстично опаднат, во однос на периодот пред 45 години. Во 1974 година, во Северна Америка, овој вид на инсекти бил двојно поголем во однос на сега.
Бумбарите се специјализирани за разнесување на поле и ги оплодуваат голем број на билки, меѓу кои и земјоделските добра, како што се оризот, борвницата и тиквата, пишува „Национал географија“.
Неколку чести видови на бумбарди исчезнале од голем број области во кои претходно можеле да се забележат и станале локално истребени. Во новата студија објавена во списанието Science, истражувачите користеле сложени процеси за да утврдат дали за опаѓањето на бројот на бумбари виновни се климатските промени.
Научниците ја истражувале застапеноста на 66 видови бумбари на два континента и утврдиле дека во областите кои станале потопли во последните неколку години или во кои се забележани екстремни промени на температурите, ретко можат да се видат бумбари. Во Европа нивниот број е опаднат за 17% во однос на почетокот на 20 век.
Според пристапот на овие научници, климатскиот хаос е главен виновник за опаѓањето на бројот на бумбари.
„Овој пад е поврзан со тоа што сите видови биле приморани да ги трпат температурите со кои претходно се немале соочено“, вели водечкиот научник на студијата, Питер Сореоја, докторант на Универзитетот во Отава.
Тој истакнува дека бумбарите во одредени области или се преселуваат или изумираат.
Прилагодливоста има граници
Одамна е познато дека бумбарите повеќе им годи студеното време, затоа што имаат способност да произведуваат топлина за време на летањето. Зата тие се сметаат за првите инсекти кои можат да се забележат во пролетта. Кај повеќето видови не е утврдено колку топлотни бранови и промени на времето влијаат на нив.
Авторите на студијата истакнуваат дека и нивната голема прилагодливост на промени си има свои граници. Последните пет годни биле најтопли во последните 14 децении. Поради тоа може да дојде до прегревање на овие инсекти, што во лабораториските експерименти е утврдено дека може да се случи.
Или пак временските неприлики индиректно влијаат на бумбарите, низ вегетацијата и цвеќињата, поради што се доведени до фаза на изгладнетост. Бумбарите во повеќето случаи живеат година дена, а нивните матици во зимата, најчесто минуваат во земјата или расфрланите листови, каде исто така се изложени на температурни промени.
Тоа што бројот на бумбари е опаднат е сериозен проблем за животната средина, затоа што нивната опрашувачка способност е неопходна за голем број на билки. Освен тоа, тука е и еконскиот проблем. Според некои проценки, пчелите со запрашувањето, допринесуваат во економијата на САД со повеќе од 15 милијарди долари.
Климатските промени не се единствениот фактор кој влијае на намалувањето на бројот на бумбарите. Тие се загрозени и од неоникотиноидите, пестициди кои се отровни за сите видови на пчели, како и со уништувањето на нивните живеалишта, се со цел да се создадат обработливи површини, со ширењето на патогените и ослободување на пчели кои не се од тие простори, а кои се носат во одредени места, поради опрашување.
„Оваа студија ќе го привлече вниманието на научниците за улогата која климатските промени можат да ја имаат на опаѓањето на бројот на бумбари. Нивните податоци покажуваат дека промената на климата може во голем степен да го објасни намалувањето на бројот, но и тоа дека климата не е единствениот фактор кој треба да се следи“, вели Хедер Хајнс, истражувач од Универзитетот во Пенсилванија, која не учествувала во истражувањето.
„Пчелите можеби би можеле да се изборат со еден проблем, но влијанието на повеќето фактори, значително може да го намали бројот на популацијата“, вели Матајас Бекер, еколог од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија.
Некои истражувачи, како што е Џејми Стрејнџ од Универзитетот во Охајо, смета дека не е добро да се фокусираме на климатските проблеми, затоа што на тој начин ги игнорираме останатите фактори кои влијаат на намалувањето на бројот на бумбарите.
Студијата укажува на тоа дека бумбарите би можеле да се заштитат од екстремните температури, со изградба на паркови, садење на стебла во чии листови инсектите би можеле да се сокријат од екстремните температури. Освен тоа, градините со цвеќиња кои самите луѓе ги одгледуваат, можат да бидат рај за нив, само ако не користите пестициди, од типот на неоникотиноиди.
Текстот Бумбарите исчезнуваат поради климатските промени е превземен од Reporter.mk.