Нуркачите и спасувачите во Тајланд тргнаа во третата спасувачка акција која би можела да биде и последна, во обидот да ги извлечат преостанатите четири заробени дечиња и нивниот тренер. Првите 19 морнарички специјалци, во пештерата влегле утрово околу 10 часот по локално време.
Остатокот од тимот би требало да влезе денес во текот на денот, јавува Гардијан. Вчера заврши уште еден ден од акцијата за спасување, откако уште четири момчиња беа извлечени од поплавената пештера во Тајланд.
За многумина, Акапол Чантавонг 25 годишниот фудбалски тренер од Тајланд, кој ги повел со себе 12-те момчиња од својот клуб во пештерата, е главниот виновник за оваа несреќа. Сепак, многумина на социјалните мрежи се ставија во негова одбрана.
Тие му дале на значење, затоа што се грижел за децата и дека сите се добро и по 15 дена во поплавената пештера.
„Со 25 години и овој тренер е сеуште дете. Очигледно бил голема инспирација на дванаесетте момчиња, чиј морал, по се изгледа никогаш не паднал и покрај се што преживеале. Голема почит за тренерот“, напишала една девојка во коментарите.
Друг корисник на твитер, наградуваниот писател Адџад Назир, напишал дека Акапол Чантавонг уште како мал останал без своите родители и дека оттогаш тој се посветил на тренерската кариера.
„Тој ги одржа 12-те деца во живот без храна и светло цели девет дена. Тој утре последен ќе излезе, а има само 25 години. Не заборавајте на него“, навел Назир.
Неговата тетка, исто така се ставила во одбрана на младиот тренер, тврдејќи дека тој е добра личност и дека не сакал да ги доведе децата во така опасна ситуација.
Во разговорот за Си-ен-ен таа објаснила дека Акапол останал сираче на само 10 години и дека оттогаш искусил многу невољи.