Пет пациентки од Холандија на кои им биле пресадени органи од ист донатор, заболеле од рак на дојка, а четири од нив подоцна починале.
Донатор била 53 годишна жена, која во 2007 година добила мозочен удар. Таа ги донирала бубрезите, белите дробови, црниот дроб и срцето.
Претходно направените медицински тестови не укажале на никаков ризик од заболување од рак, но и покрај тоа, во рок од само шест години четирите пациентки починале.
3 die of breast cancer after catching it from the SAME organ donor
Five people all received organs from the same donor in 2007 but only one of them is still alive, research from scientists in Germany and the Netherlands revealed in a peculiarly… https://t.co/qHiLDHxCj3
— Healthy News Daily (@eHealthyDaily) September 13, 2018
Една од поциентките починала од сепса, а три од канцер. Петтата пациентка која заболела од канцер лекарите успеале да ја спасат така што и го отстраниле пресадениот бубрег, а подоцна ја лекувале со хемотерапија.
„Ова е случај кој треба да укаже на честите фатални последици од рак на дојката, добиени од органите на донатор“, вели доктор Фредерикa Бемелмановa професорка по нефрологија на Универзитетот во Амстердам.
Бемелманова е жената која ја лечела преживеаната пациентка, а во студијата која неодамна ја објавила напишала дека отстранувањето на пресадениот орган било клучно за нејзин спас.
Сепак таа додава дека ваквите случаи се исклучително ретки, како и на тоа дека луѓето не би требало да се грижат дека трансплатацијата на органот не е безбедна.
„Предноста на трансплатацијата на органите од далеку ги надминува овие мали ризици“, вели Бемелманова и додала дека ова е прв случај на трансплатација кој предизвикал појава на рак кај пациентите по нејзиното дваесетгодишно работење на ова поле.
„Секогаш постои ризик. Дури и кога работите некоја рутинска операција, постои шанса дека нешто ќе ви случи во текот на постапката, но тоа не би требало да ги спречи луѓето да направат трансплатација“, вели Бемелманова за Си-Ен-Ен.
Текстот Четири жени во Холандија починале по добиените органи од ист донатор е превземен од Reporter.mk.