Четворица билдери бараат девојки преку ријалити шоуа

Лука, Адам, Себастијан и Мирко сакаат да најдат девојка со која ќе се оженат и затоа се пријавија во двете шоуа „Брак на прва“ и „Го женам синот“. Сите четворица за кратко време го украдоа вниманието на девојките со нивните експлицитни фотографии на социјалните мрежи.

Лука Будак

Лука Будак (29) сака да ја најде својата идна партнерка во шоуто „Брак на прва“. Во душата вели дека е вистински романтичар. Вели дека има желба во иднина слободното време да го помине со онаа вистинската. Во меѓувреме тој времето го минува во теретана. Бидејќи сега вежбалните се затворени поради коронавирусот, најголема окупација му е сечењето дрва.

Лука Будак

Сличен на него е и Адам Кромер, кој во истото шоу сака да ја најде неговата идна невеста. Тој на социјалните мрежи објавува фотографии од неговиот приватен живот и на повеќето од нив е разголен во теретана.

Адам Кромер

Ништо поинаку не е ни со музичарот Себастијан Поповиќ, син на пејачот Даниел Поповиќ и поранешниот модел Сања Бједов Поповиќ. На социјалните мрежи има преку стотина фотографии, а многу од нив се само кога е во долна облека. Себастијан вели дека е поприлично пребирлив тип и дека нема така лесно да ја одбере девојката за врска.

Како и останатите и тој се надева дека во шоуто ќе успее да ја најде онаа вистинската.

Себастијан Поповиќ

„Ретко ми се случило некоја да ме освои на прва. Воглавно тоа беше процес. Згодна девојка може лесно да ме привлече на прва, но не може долго време да ми го задржи вниманието. Секоја девојка ќе има можност да се претстави и да ми се покаже каква е“. вели Себастијан.

Себастијан Поповиќ

Дечко од модерната доба, како што самиот се нарекува, Мирко Раногајец, со својата голтотија има привлечено околу 20.000 пријатели. Не му е проблем да се соблече во клуб во петок навечер. Се навикнал неговите мускули да бидат во прв план, бидејќи е посветен на правилната прехрана и тренирањето.

Мирко Раногајец

Ги следи голем број на „Инстаграм“ ѕвезди. Покрај разголемите фотографии од вежбална и од плажа, има и такви од ноќни клубови во кои останува до раните утрински часови.

„Мојот живот е една голема забава“, вели Мирко.

Мирко Раногајец

 

 

Текстот Четворица билдери бараат девојки преку ријалити шоуа е превземен од Reporter.mk.