Најскапите чевли во светот чинат 17 милиони долари. Изработени се од кожа, злато и обложени се со 238 дијаманти. Салонките во златна боја беа претставени во познатиот хотел „Бурџ Ал Араб“ во Дубаи пред само 50 привилегирани гости. Тие имаа можност одблизу да ги видат златните чевли со висока штикла познати како „страстни дијаманти“. Чевлите се дизајнирани и изработени во Италија, имаат 236 мали дијаманти, по 118 секој чевел, и по еден голем 15-каратен дијамант со ознака Д, што значи, совршена боја и чистота.
Чевлите наскоро ќе бидат ставени на продажба.
„Ова е уникатно модно парче какво што досега не е видено“, изјавија организаторите на изложбата во Дубаи.
Текстот Чевли со дијаманти се продаваат за 17 милиони долари е превземен од Reporter.mk.