Ајша Ган, која работела како чувар во затвор во Велс, е осудена на година дена затворска казна затоа што била во љубовна врска со затвореник. Таа е уапсена во ноември минатата година, откако се дознало дека таа и затвореникот Курам Разак имале интимни односи.
Ајша на суд го признала делото за кое била обвинета, а откако судијата ја изрекол пресудата, таа го прегрнала и бакнала Ган, кој робива за тешки кражби.
Ајша се обидувала да му помогне на своето момче и да му обезбеди подобри услови во казнената установа. Во ќелијата каде бил сместен Ајша, биле најдени голем број забранети предмети, поради што му била зголемена казната затвор за дополнителни осум месеци.
Колегите на Ајша изјавиле дека се шокирани од нејзиното однесување, додека нејзиниот шеф вели дека казната затвор ќе послужи како одличен пример за сите останати вработени во затворот.
„Сакаме да ги убедиме нашите чесни, посветени работници во затворите дека ќе се пресметаме со сите кои ќе се вмешаат во корупција“, порачал инспекторот Дон Хемпсон.
Тој ги повикал сите вработени во затворот задолжително да ги пријават сите свои колеги, доколку забележат какви било нерегуларности.
Текстот Чувар во затвор во Велс се заљубила во осуденик е превземен од Reporter.mk.