Црни тесни фармерки се зимски моден тренд

Во листа на неколку модни класици секогаш се црните тесни фармерки, кои се чини дека постојано се актуелни. Речиси нема модна блогерка или девојка што нема барем една комбинација со нив. Секоја сезона добиваат нов живот во комбинација со актуелните трендови, а повремено, како оваа сезона, и тие се носечките модели.

 

Традиционално добар спој се со џинс-јакните и кошулите, со маичките со принт, блузите на линии, со палтата и кожените јакни. Оваа зима се носат со масивни џемпери, со плетени ролки, со кимоно, модели од кадифе, со фустани од свила или тантела, со тренерка со волумен и бунда во боја. Ова е модел што може да се комбинира со парчиња за во канцеларија: кошули со панделка околу вратот, палта, свечени блузи, па дури и туники.

Текстот Црни тесни фармерки се зимски моден тренд е превземен од Reporter.mk.