Црногорец кој не сакал да го открива својот идентитет во јавноста, вели дека по грешка добил СМС порака, со која од банката го известиле дека на неговата сметка му легнале 4900 евра.
Лицето кое инсистирало да остане непознато вели дека исиот момент пријавило дека во прашање е грешка. Парите веднаш биле повлечени, а ваквиот негов потег на социјалните мрежи наиде на поделени реакции.
Црногорецот направил фотографии од пораките и ги споделил на социјалните мрежи. На нив може да се види приливот и одливот на 4900 евра. Фотографиите се објавени на страницата „Подгорички времеплов“.
„Ако на вас ви стигне порака дека на вашата сметка легнале 4900 евра, што вие би направиле? Јас веднаш отидов во банка и кажав дека е грешка. Не ги подигнав парите, иако можев да ги земам истиот момент“, напишал на Фејсбук.
Додека некои го поздравиле неговиот потег ѝ го пофалиле за великодушноста, други му префрлиле дека не требало премногу да се фали на социјалните мрежи, затоа што тоа, на некој начин е исто како ѝ да не ги вратил парите. Имало и такви кои му забележале ѝ се пошегувале дека покрај вратените пари, сметката му останала полна.
„Лесно ти е на тебе да ги вратиш тие 4900 евра, кога на сметка ти останале 450 евра“, напишал еден од коментаторите.
Текстот Црногорец се пофали дека вратил 4500 евра, по грешка му легнале на сметка е превземен од Reporter.mk.