Црвените британски говорници, полека заминуваат во историјата

Црвените телефонски говорници, кои станаа симбол на Лондон, во британската престолнина за прв пат биле претставени во дваесетите години од минатиот век. Биле поставени со цел најсиромашните луѓе имаат пристап до телефон.

Прашање на време е уште колку долго ќе останат во градот. За жал денеска овие говорници речиси и да не се потребни поради порастот на мобилната технологија, а исто така се во многу лоша состојба.

Група на граѓани на Лондон за среќа одлучила да ги поправи и да ги врати во првобитна состојба.

„Токму поради тоа што говорниците се нашиот заштитен знак, тие не смеат да бидат валкани и ишарани со графити како на некои слики на кои подоцна го обиколуваат светот. Веднаш откако видов една говорница во лоша состојба, почувствував како да видов некој постар човек како трпи болки“, вели Емили една од Британките кои се пушти во акција за чистење на телефонските говорници.

 

За жал, можеби ниту тоа нема да биде доволно за да ги спасат. Имено, освен што сите имаат мобилни телефони, ширум Лондон поставени се и улични телефони за пристап на интернет кои лесни се за користење и што е уште поважно истите се бесплатни.

Некои од омиелните стари говорници се ставени на продажба, а некои се претворени во библиотека или се изнајмуваат за локалните продавачи.

 

 

Текстот Црвените британски говорници, полека заминуваат во историјата е превземен од Reporter.mk.