Цукенберг ги спојува Инстаграм, Вотсап и Месенџер

И покрај тоа што ќе останат како самостојни апликации, Фејсбук  има во план да ги спои своите сервиси за пораки како што се Инстаграм, Вотсап и Месинџер.

Тие ќе бидат поврзани на едно подлабоко ниво, за да можат пораките да се пренесуваат меѓу различните сервиси. Се верува дека ова е личен проект на Марк Цукенберг.

„Ова е почеток на еден долг процес“, соопштија службите во Фејсбук.

Кога ќе биде завршен, ова ќе овозможи корисник на Фејсбук директно да комуницира со некого што ја има Вотсап апликацијата, што моментално не е возможно.

„Спојувањето на трите елементи е веќе почнато и се очекува да биде комплетирано до крајот на 2019 или во почетокот на наредната година“, објави „Њјујорк тајмс“.

Сè досега, Инстаграм, Вотсап и Месинџер беа водени како одделни и конкурентски производи. Ова спојување би можело да ја поедностави работата на Фејсбук, бидејќи не би имало потреба да се развиваат различни верзии на ист додаток, како што е сега Сторис и полесно би се поврзувале бизниси на корисниците.

Текстот Цукенберг ги спојува Инстаграм, Вотсап и Месенџер е превземен од Reporter.mk.