Ви објавуваме дека и официјално започна сезоната во која ниту еден дом не мора повеќе да биде без цвеќиња, особено сега кога знаеме кој цвет совршено му одговара на нашиот хороскопски знак. Дури, правиот букет ќе ви помогне да ја насочите енергијата на вашиот сончев знак. Во најмала рака, може да ви помогне да се одлучите со кои бои ќе се опкружите оваа пролет.
Овен: орлови нокти – слатка и храбра лоза.
Бик: роза – класична и отмена, помалку боцкава.
Близнаци: лаванда – да можеше цвеќето да зборува, таа најдобро би флертувала.
Рак: крин – што го прави домот потопол и попријатен од него? Чекаме одговор.
Лав: сончоглед – секогаш во центар на вниманието.
Девица: полско лутиче – Трејси Флик, само во цветен облик.
Вага: ѕвонче – толку смирувачко и толку хармонично.
Шкорпија: здравец – обидете се да гледате во него, а очите да не ви се засолзат. Токму така.
Стрелец: глуварче – воглавно нема каде нема да израсне.
Јарец: бршлен – нема да престане додека не го достигне врвот на сè и сешто.
Водолија: орхидеја – звучи како нешто што дошло од иднината, нели?
Риби: бел воден лилјан – сонува, а на вода е.
Текстот Цвеќе кое се крие зад вашиот хороскопски знак е превземен од Reporter.mk.