Работите со години, се мачите за мала плата, а убедени сте дека вашиот работодавец барем ги плаќа сите обврски кон државата и вас. Потоа одите во пензиско и станувате шокирани затоа што ниту еден денар не ви е уплатен за пензија.
И тоа во обврзувачкиот прв столб кој иде на државната сметка и од кој се плаќаат пензиите за сегашните пензионери. Владата во Хрватска поради ваквите манипулации кон работодавците воведе строга контрола пред четири години.
Затоа граѓаните сметаат дека е невозможно да се избегне да се плаќаат допринесите. Но изгледа дека на Балканот и тоа е можно, па така со години некои од работодавците ги искористуваат дупките во законите без никакви последици.
Здравко Вукељиќ, поранешен вработен, секој ден станувал рано наутро, пиел црно турско кафе, а потоа одел на работа. Повеќе од осум часа бил на нозе со пиштолот во џеб, за да ги штити објектите и луѓето. Има денови кога немал пари ни за храна.
„Ако се платат сметките, тогаш не останува премногу за прехрана, но гледаме да се снајдеме. Нема премногу расипништво, нема никакви давачки освен за она што е неопходно“, вели Здравко.
Здравко половина деценија работел како обезбедувач во една компанија во Загреб. Еден ден одлучил да си замине и да премине во нова компанија, па заминал до пензиско по потврда за стажот.
„Госпоѓата ми покажа и ми рече дека нема уплата. Имам потврда и се разбира на потврдата пишува дека сум вработен во таа компанија. Тоа не е спорно. Но, изостануваат уплатите за пензискиот фонд. Најнормална работа и законски одредено е да работодаваецот уплаќа на основа на персонален доход за својот вработен. Законот така вели. Јас мислев дека тоа е регулирано, а видете сега што се случува. Работодавецот не уплаќал во првиот пензиски фонд“, вели Вукељиќ.
И тој не е единствениот на кој тоа му се случило. Во истата таа компанија работела и анонимна соговорничка која за емисијата „Проверено“ исто така изјавила дека газдата не и уплаќал пензиско повеќе од една деценија. Кога слушнала дека газдата не плаќа допринес и таа си дала отказ. Работодавецот самиот признал дека не им уплатува за пензија, со образложение дека со време се ќе се реши.
Податоците недостапни поради доверливост
Девојката поднела барање за ревизија на сите уплати во првиот пензиски фонд во кој одат 15% од платите. Тогаш таа открила дека компанијата не им уплаќала редовно ниту во вториот пензиски столб, каде завршуваат 5% од месечната плата.
Здравко Вукељиќ за екипата на емисијата Проверено покажал извештај од вториот столб на кој детално се гледа дека во него не се вршеле уплати. За повеќе детали отишол во Даночната управа откако претходно на тоа место го испратила госпоѓата од Заводот за пензиско осигурување. Таму му било соопштено дека тие информации не може да ги добие, затоа што се работи за доверливи податоци.
Анонимни соговорници му рекле дека треба да се обрати кај правник. Неговата поранешна колешка не знаела да објасни како на нејзината даночна картица не се гледаат сите нето плати за минатата година, иако таа ги примала редовно.
„Листите доаѓаат и добивате плата преку банка, но во пензиско немате уплата, значи на вашата пензиска картичка вие имате само една плата за цела година, а уредно сте ги работеле сите 12 месеци. Кога прашавме како тоа јас работам, а примам само една плата, од даночното ни велат: „Не ни е ни нас јасно, одете во банката прашајте. Можеби некој ти уплатува со обична општа уплатница, значи само ти го пушта износот“. Кога отидов во банка, таму уредно се гледа уплатата на платата“, вели колешката на Здравко, која сакала да остане анонимна.
Од банката ја упатиле да се јави во Трудот за инспекција, а Здравко пак оттаму го испратиле во Даночно. Префрлањето на топката ја доживеала и екипата на емисијата „Проверено“, која го истражувала овој случај. Прво се обратиле до Заводот за пензиско осигурување, од каде добиле одговор дека има утврден пензиски статус. Министерството за работа и пензиски систем кратко им одговорил дека за контрола на уплата на допринес, надлежна е Даночната управа. Во Даночната управа пак се бранат со даночната тајна и нагласуваат дека тие самостојно одлучуваат кога некој ќе сакаат да го надгледуваат.
Компаниите сепак можат да го избегнат банкарскиот систем
„Се се гледа на листата. Тоа е документ кој на даночната управа и кажува колку работодавецот уплатил на својот работник и на основа на тоа и државен данок. Тоа некаде би требало да остави трага, но не остава. Постојат докази дека тоа не остава никаква трага. Сите се сомневаат дека мора некаде да има некој кој тоа ќе го проверува, или во Даночното или во пензискиот фонд“, смета Здравко.
Клучното прашање е како е можно никој да не ја забележи оваа ситуација сите овие години.
Даночната Управа, ФИНА, Регос и банките создале заеднички систем на податоци, од кои веднаш би требало да се види кој од работодавците не плаќа на време придонеси за своите вработени. Воведен е пред повеќе од четири години таканаречениот JOPPD образец во кој, меѓу останатото, се внесуваат сите податоци со обврзувачки допринеси. Истите тие се доставуваат до Даночната управа секој месец.
„Ако тој работодавец избегнувал да пополни JOPPD образец во последните пет години, а ја известувал даночната управа за наплатените придонеси, но не ги плаќал, тогаш ќе му тече камата, а освен тоа даночната управа може да ја извести Фина да го блокира“, вели Луција Турковиќ Јаржа, даночна советничка во RRIF.
Работодавачот исто така е обврзан да му достави на работникот листа од секој месец за тоа колку нето плата исплаќа, а колку бруто завршува во пензискиот и здравствениот фонд. Соговорниците биле збунети затоа што мислеле дека ако сумата на пари се напише на хартија, дека таа иде на сметка на државата, односно во пензискиот фонд. Можна е ситуација кога поради недостиг на средства, да не можат да се платат тие допринеси, и тоа во моменти кога се врши пресметката на плата. Но, тоа се евидентира. Тоа е невозможно да се избрише“, истакнува Давор Бановиќ, судски вештак за финансии.
Сепак сознанијата до кои дошла екипата на „Проверено“ е дека постои еден детал со кој компанијата може да ја избегне видливоста во банкарскиот систем. Со ваквата манипулација во која на банките ги немале сите потребни информации и детали за уплатите на работодавците, истите тие избегнувале со години да ги платат допринесите на работниците, а тоа го знаел и сопственикот од компанијата на Здравко, велат од тимот на емисијата „Проверено“.
Текстот Дал отказ па открил дека компанијата со години не му плаќала во пензискиот фонд е превземен од Reporter.mk.