Ѕвездата на хрватската репрезентација голманот Даниел Субашиќ повторно се најде во жижата на јавноста поради своето потекло, но и поради својата преубава сопруга.
По победата над Данците, во јавноста повторно почнаа да се раскажуваа приказни за неговото потекло, поточно за неговите српски корени.
Доста бура во јавноста подигна и неговата сопруга која минала вистински пекол за да се омажи за него, голман со српско потекло.
Антонија Боца е педагог со диплома од Филозовскиот факултет во Задр, каде и нивната врска започнала пред 16 години.
Иако нејзиниот татко ја забранувал оваа љубов, дури и се заканувал со колење, Антонија издржала и денеска е во среќен долгогодишен брак со голманот на „коцкастите“.
Даниеел Субашиќ по одбраните кои ги имаше во пенал завршницата во мечот со Данска на мундијалот во Русија, стана прва ѕвезда не само во Хрватска, туку и во цела Србија.
На многумина не им беше јасно зошто тоа е така, а потоа на површина исплива суровата вистина по која голманот очигледно се срами.
„Хрватите и Србите многу патеа за време на војната. Поради тоа Србите за тоа не сакаат премногу да говорат. Кога ќе даваш кошеви како Дражен Петровиќ или браниш пенали како Субашиќ, тогаш си наш, но ако си обичен човек, тогаш за луѓето со пореметен ум не си наш. Тоа е така“, вели еден од членовите на стручниот штаб на Хрватска“.
Даниел во мечот со Данците одбрани три пенали и на тој начин им обезбеди на „коцкастите“ пласман во четвртфинале.
„Момчето е сјајно, најдобар меѓу Хрватите. Има преживеано се и сешто и имал огромни проблеми за време на војната, па и потоа, само затоа што татко му е Србин“, додал тој.
Даниел е роден во 1984 година во Задр. Татко му е Јове, кој е Србин и денеска има 63 години а е пензиониран пекар од Заград село во близина на Бенковац и мајка му Боја, жена од Хрватска (62) од соседното село Раштевиќ. Долго истакнувал дека е Србин, дури и кога влегол во врска со неговата девојка, која е од Хрватска.
„Неговиот дедо е идиот. Никогаш не се смирија“, вели изворот, кој потсетува на приказната од далечната 2007 година.
Тогаш, Анте Боца ја претепал ќерка му Антонија, затоа што сакала да се омажи за Србин. Дури како што наведуваат медиумите и се заканил дека ќе ја заколе. Антонија завршила во амбуланта, а полицијата го привела Анте, кој потоа бил изведен пред суд и обвинет за семејно насилие. Ќерка му побегнала од него, кај Даниел во Задар.
„Антонија покажала љубов со тоа што дојде кај мене. Иако сум Србин, а таа е од Хрватска, ние многу се сакаме и тоа е најважно“, изјавил во 2007 година Субашиќ.
„Мојот татко Јово нема врска со српството. Тој се изјаснил како Хрват, но со православна вера. И јас сум Хрват, католик. Хрватска е мојата татковина. Задар е мојот град. Крстен сум во католичка црква“, тврдел Субашиќ.
Даниел не е првиот Србин кој ја понел славата на хрватскиот фудбал. Претходно тоа го направиле Милан Рапаиќ и Миладин Дадо Пршо.
Рапаиќ на мундијалот во 2002 година стана ноќен кошмар за Италијанците со победносниот гол за 2:1. Во Хрватска до ден денес се сеќаваат како го изигра Буфон. За хрватската репрезентација, тој одиграл 49 меча и постигнал шест погодоци.
Миладин Пршо е од Заград како и Субашиќ, кој го променил името во Дадо. Ќе остане запаметен како стрелецот на одлучувачкиот гол за пласман на Хрватска на Европското првенство во 2004 година против Словенија во Љубљана. Тој црвено белиот дрес го носел на 23 меча и постигнал девет погодоци.