„Да тоа сум јас на „Порнхуб“, напишал Јоаким на „Фејсбук“.
Јоаким е поранешен олимписки вицешампион во фрлање кугли и е член на Либералната Алијанса на десниот цетар од 2011 година. Тој во рекламата се појавува во одело и со слоган со кој порачува сите посетители на сајтот, да гласаат за Јок. Јок претставува неговиот надимак.
„Нема граници колку далеку би отишол за нацијата. Ако тоа вклучува и реклама на „Порнхуб“, за да го тргнам Расмус Палудан (неговиот ривал) од странските медиуми, ќе се жртвувам за тоа“, навел Јоаким.
Јоаким додал дека морал да се појавува таму каде што се гласачите. Тој објаснил дека 95% од неговата кампања е сериозна и дека е оставен простор за малку забава.
Се надевам дека луѓето добро ќе се насмеат. Добив добри реакции. Свесен сум дека некои луѓе се гневни поради тоа. Оние кои ме знаат како политичар, знаат дека сум сериозен политичар, но исто така знам и за хумор и мислам дека ова е забавно“, изјавил Јоаким.
Изборите за данскиот парламент ќе се одржат на 5 јуни.