Данскиот милијардер Андерс Холч Повлсен (46) со семејството вчера ги погреба своите три деца кои беа убиени во терористичкиот напад на Шри Ланка.
На погребот на Алма, Агнес и Алфред, пристигнаа голем број на членови од данското кралско семејство. Присуствувал и премиерот Ларс Локе Расмусен. На погребот беше и единствената преживеана ќерка на Андерс , Астрид.
Андерс на комеморацијата кажа дека ова за него претставува неразбирлив губиток и се заблагодари на семејството, пријателите и комшиите за љуботва и поддршката со чија помош успеваат да ја надминат оваа криза. Анерс е дански милијардер, кој го наследи данскиот трговски ланец Bestseler, проценет на околу 4,5 милијарди фунти.
Тој е и најголемиот акционер во познатата онлајн трговска компанија Asos, и втор најголем акционер во германската онлајн продавница Zalando. Во нападите на Шри Ланка загинаа повеќе од 250.
Текстот Данскиот милијардер ги погреба своите деца кои настрадаа во нападите во Шри Ланка е превземен од Reporter.mk.