Децата од финскиот град Оулу, секој ден одат на училиште со велосипед, иако температурите паѓаат и до -17 степени. Околу илјада од 1.200 деца секој ден одат на школо со велосипед, а стотина доаѓаат пешки. Учениците се на возраст од седум до 17 години.
„Ова е нормално за нас. И јас кога бев мал одев на училиште со велисопед или со санки. Исто и кога е -30 степени“, рекол Тахкола, координатор на велосипедистичките активности во градот, кој организира и часови по зимски велосидизам.
Тој вели дека возењето велосипед е лесно во оваа област, бидејќи градот е најчесто покриен со снег од ноември до април. Велосипедските и пешачките патеки добро се одржуваат, а на возачите и не им требаат посебни гуми или опрема кога се движат.
„Имаме одлични инфраструтура и зимско одржување на патеките, што возењето велосипед го прави брзо, лесно и удобно и во зимски услови. Понекогаш побрзо ќе стигнете со велосипед отколку со автомобил“, вели тој.
Текстот Деца од Финска на -17 на школо одат со точак е превземен од Reporter.mk.