Со многу музика, балони, новогодишни украси, лицата со Даунов синдром од Македонија, денес имаа предновогодишна забава во кафе-барот „Амбрела“. Се пееше и се играше на познати музички хитови, а на лицата на присутните се забелжуваше радост и среќа. Забавата беше од хуманитарен карактер, а собраните пари се наменети за отворање на првиот Центар за рехабилитација и поддршка на лица со Даунов синдром во Македонија.
На забавата имаше поставено кутии за донации, се продаваа рачни изработки, а со секој купен пијалак исто така се донираа средства за поддршка на центарот. На настанот се промовираше и спотот „Подај рака – на тој што те сака”, композиција на Александар Митевски и Арбен Бени Шаќири. На забавата дојдоа и министрите Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, а им се придружија и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
Текстот Децата со Даунов синдром уживаа во предновогодишна забава е превземен од Reporter.mk.