Дедо Мраз ја прими вакцината против грип

Како се приближуваат претстојните новогодишни празници, Дедо Мраз веќе започна со подготовките, а ја доби и вакцината против грип. Како што пишуваат финските медиуми, тој размислува и за вилениците.

Медицинската сестра Тиа Кахконен изјави дека Дедо Мраз во своето село Рованием, во поларниот круг, примил вакцина против сезонски грип и додала дека инјекцијата му ја дала превентивно.

Тиа вели дека вакцината морал да ја прими затоа што сезоната на грип се поклопува со неговите активности.

Финска агенција отворила и конкурс за виленици. Тие треба да се грижат за туристите кои сакаат да го посетат Дедо Мраз на Северниот Пол, каде понекогаш знае да биде и до минус 40 степени Целзиусови.

Вилениците ќе бидат задолжени на туристите да им купуваат топли напитоци и да го ложат огнот. Дедо Мраз мора да се грижи и за ирвасите кои ќе ја влечат неговата санка полна со подароци за децата.

Него минатата година го посетиле околу 390 000 странски туристи, а покрај Финска и земјите како Шведска и Гренланд тврдат дека вистинскиот Дедо Мраз живее кај нив.

Текстот Дедо Мраз ја прими вакцината против грип е превземен од Reporter.mk.