Новогодишната магија на „Винтерленд“ денеска ја надополни доаѓањето на Дедо Мраз, кој меѓу насобраните деца на плоштадот Македонија пристигна точно во 12 часот, и тоа на електричен тротинет. Доаѓањето на Дедо Мраз предизвика еуфорија меѓу присутните на плоштадот кои се фотографираа со својот омилен лик, пееја новогодишни песни и се радуваа.
На присутните деца на плоштадот Македонија им се обрати и градоначалникот Шилегов и им посака добро здравје, среќа и успех во учењето во новата 2020 година.
Детската новогодишна програма на „Винтерленд“ денеска ја збогатија и хитовите од „Златно славејче“.
Текстот Дедо Мраз пристигна на плоштадот Македонија во Скопје е превземен од Reporter.mk.