Даниел Субашиќ, голманот кој ја однесе хрватска репрезентација во четвртфиналето на Мундијалот во Русија, е со потекло од Србија, а таткото на неговата сопруга сакал да ја убие ќерка си затоа што сакала да се омажи за него.
Денес истиот човек е горд на својот зет поради неколкуте феноменални одбрани во пенал-завршницата против репрезентацијата на Данска.
Пред 11 години Анте Боца ја претепал својата ќерка Антонија затоа што сакала да се омажи за Србин. Дури и хрватските медиуми известувале дека тој ѝ се заканувал дека ќе ја заколе. Антонија побегнала од дома, кај Субашиќ во Задар.
„Јас сум Србин, а Антонија е од Хрватска. Таа својата љубов ја покажа со тоа што дојде да живее со мене“, изјавил тогаш во хрватските медиуми.
Во годините кои следеле познатиот голман ја променил верата.
„Татко ми е од православна вера, а јас сега сум Хрват католик“, изјавил Субашиќ.
Тој шест години ги брани боите на Монако, а во репрезентацијата на „коцкестите“ е од 2009 година.