Американската сојузна агенција за управување со вонредни ситуации (FEMA) денес го тестира својот национален систем за известување во итни случаи. Денеска се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да испрати предупредување и вибрирачки тонови до секој бежичен телефон во земјата со зборовите „Претседателско предупредување“.
Речиси сите корисниси на мобилни телефони во САД денес ќе добијат СМС порака во исто време.
FEMA во координација со Федералната комисија за комуникации FCC денеска ќе спроведе тест ширум земјата за да го провери системот за „итни предупредувања“ EAS и „бежичните итни предупредувања“ WEA.
Пораката од системот на WEA ќе почне да се испраќа во 14:18 часот, по источна временска зона, додека пораката од EAS ќе биде испратена во 14:20 часот.
„ЕAS е национален систем за јавно предупредување кој на претседателот му испраќа можност за комуникација со нацијата за време на вонредна состојба“, се наведува во соопштението испратено до јавноста.
Тестот првично бил планиран за во четврток на 20 септември, но бил одложен поради ураганот Флоренс.
Ова ќе биде прв WEA тест на ниво на државата на ниво на претседател. Пораката ќе го тестира системот кој ќе му овозможи на Трамп, како и на идните претседатело да испратат вонредни пораки ширум земјата.
Текстот Денес Трамп ќе испрати порака до секој Американец со мобилен телефон е превземен од Reporter.mk.