Во целиот свет денеска се обележува Денот на чоколадата. Првото чоколадо во Европа се произвело во 1550 година.
Светскиот ден на чоколадата се одбележува од 2009 година, пренесува „Хералд сан“ и додава дека Денот на млчената чоколада се одбележува на 28 јули, а на белата чоколада на 22 септември.
Според пишувањето на „Дејли стар“, овој ден е многу важен со оглед на тоа дека околу милијарда жители од нашата планета секојдневно јадат чоколада.
Весникот потсетува дека чоколадата, освен што е вкусна, е единствената материја која што се јаде, а може да се стопи на температура помалку ниска од температурата на човечкото тело, поради тоа што се топи уште во устата.
Европјаните јадат повеќе чоколада од остатокот на светот, а жителите на Велика Британија, Швајцарија и Германија во просек јадат по 11 килограми чоколадо на годишно ниво.
Според статистиката дрвото кака е многу тешко за одгледување, а фармерите секоја година губат околу 30% од посевите.