Поранешната НБА ѕвезда Денис Родман, откри голема тајна за Северна Кореја, пренесуваат светските медиуми. Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, вели дека ако во јавноста почне да се појавува сестрата на лидерот Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, тогаш земјата е во сериозни проблеми.
„Комуницирам со Северна Кореја и можам да ви кажам со сигурност, дека ако сестрата на Ким се појави на телевизија, како ја води земјата, тогаш знаете дека нешто не е во ред со него“, изјавил Родман во емисијата на Пирс Морган и објаснил дека ја има запознаено Јо Џонг и дека станува збор за прекрасна девојка.
Легендарниот кошаркар изминатите години развил необично пријателство со севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун. Откако Ким се немаше појавено во јавност, почнаа да се шират шпекулации дека тој починал за време на операцијата направено на неговото срце.
„Сестрата на Ким е прекрасна. Беше многу љубезна кон мене кога бев во посета на Северна Кореја“, изјавил Родман, кој истакнал дека не верува дека Ким починал како што се шпекулирало изминатиот месец.
„Таму вечерав со луѓе за кои тука се зборуваше дека се мртви. Не верувам во приказните за Северна Кореја, додека не ја слушнам нивната страна. Токму поради тој факт, тие се затворени и ги чуваат работите за себе, давајќи им можност на другите да почнат да шират од време на време некакви гласини“, вели Родман.
Јо Џонг веќе го менувала својот брат во големиот број на должнсти, кога беше отсустен во јавноста во октомври 2014 година, поради болест. Се смета дека таа би можела да биде следната на тронот на Северна Кореја, доколку нешто се случи со нејзиниот брат.
Текстот Денис Родман откри голема тајна за Северна Кореја и Ким Џонг Ун е превземен од Reporter.mk.