Според психологот Михаил Лабаковски, реализираната и задоволна жена ги има следниве карактеристики. Проверете дали сте и вие една од нив.
Таа од мала научила да се потпира само на себеси
Дури и ако мама и тато биле прекрасни, а детството идилично, таа никогаш не сметала дека некој било што ѝ должи или дека и е загарантиран прекрасен живот. Таа се потпира на сопствените напори, можноста и способноста.
Таа е доволна сама на себе
Нејзе не ѝ се потребни други луѓе, особено не мажи, за да се реши од сопствените проблеми. Исто така не ѝ се потребни за да биде среќна. Тааа самостојно ги решава своите проблеми и се прави себеси среќна. Другите луѓе ѝ доаѓаат како шлаг на торатата, како животот би ѝ го направиле уште посладок.
Таа е независна во секоја смисла на зборот
И тоа пред сѐ финансиски. Ваквите девојки обично уште од рана младост размислуваат како и каде да заработуваат за живот. Рано го напуштаат родителскиот дом, не се плашат да одат во друг град или земја да се школкуваат, развиваат и растат.
Таквите девојки до 25-тата година од животот веќе имаат јасен план за кариерата,имаат значајно работно искуство и веќе поминале неколку чекори во кариерата. Тоа не се нужни чекори напред, односно не е задолжително веднаш да станат големи шефици. Тоа може да биде и некое научно откритие, пишувањето книга или некој корисен програм.
Станува збор за тоа дека ваквата девојка до својата 25 година веќе нешто направила во животот, а не оставила само на планирање и пронаоѓање објаснување зошто остварувањето на плановите не ѝ оди од рака.
Таа не бара помош
Односно може ќе ја побара, но тоа значи дека веќе сѐ се обидела: ја анализирала ситуацијата, направила неколку обиди да дојде до целта сама и конечно се уверила дека нема доволно потенцијал, па се одлучила да побара помош од некој кој би можел да ѝ помогне.
Но додека не се увери дека проблемот е невозможен да се реши, без вклучување на туѓите ресурси, таа нема да побара помош. И има право. Интересно е што оваа особина ја испочнува уште во училиште. Девојче, соочено со нерешена задача по математика, седи над книгата цел ден и тек вечерта им се обраќа на родителите со молба да ѝ помогнат.
Во иднина, не толку успешните жени се однесуваат сосема поинаку: веќе кај правата потешкотија кукаат и молат некој да го преземе проблемот на себе.
Таа не прави компромис
Тие не се плашат дека нема да успеат, дека нема сами да излезат на крај со нешто, не им е потребно одобрување од другите. Овие девојки ја напуштаат активноста која не ги исполнува, и уште во тинејџерските години сами одлучуваат што ќе бидат кога ќе пораснат и во кое училиште ќе се запишат, овие студентки не купуваат семинарски работи, туку ги интересира кој смер го одбрале, овие девојки не се гледаат со момците кои не ги почитуваат.
Тие немилосрдно отфрлаат сѐ што не се вклопува со нивната слика под називот „Како јас сакам“. И спротивно на гласините на завидливите, добиваат работа, маж и живот каков што сакаат. Бескомпромисно се однесуваат и кон работата. Овие жени нема да работат работа за понижувачка ниска плата, нема да трпат лоши услови на работа, нема да ја толерираат бесчуствителноста од страна на шефот и манипулациите од страна на колегите. Тие нема да заземат став околу дадениот проблем, а ако ништо не се промени, ќе прејдат на друго работно место, во друг сектор или во друга компанија.
Таа никогаш со никој не се споредува
Таа никогаш се мери со другарките, ни со роднините, ни со колегите по своите достигнувања, финансии или друштвениот статус. Многу е свеста за тоа дека секогаш ќе се најде некоја помлада, позгодна, побогата, поуспешна, погламурозна, можеби со титула на војвотка. Таа се споредува со самата себе, со онаа од вчера и со онаа од минатата година, и ги оценува исклучително своите достугнувања во тој период.
Таа е задоволна со својот изглед
Не сака да го оперира носот, не ги зголемува усните и градите, не е постојано на идета и не се потресува зошто изела две парчиња торта. Таа се негува, води грижа за себе и својот изглед и не се жали дека не е доволно убава. Таа се грижи за својата надворешност без намера да ја промени.
Таа не сонува за брак
Но не затоа што никој не ја сака, тоа никако. Може да има и милион љубовници, но да не сака со него да создава семејство. Незрелиот и слаб маж не ѝ е интересен, а паметниот… амбцизиозниот и семејно ориентираниот човек во нашата земја, за жал, е ретка појава. За среќа, тоа на остварената жена ѝ смета, затоа што нејзината среќа не зависи од другите.
Таа не ја прифаќа нееднаквоста
Паролата „мажот е хранител“ за неа е потполно незамислива. Со неа можете да комуницирате само на рамноправна основа и не е важно кој е побогат, поавторитетен или кој зазема поголема позиција. Таа ќе разговара со директорот на државната корпорација исто како и со касериката во продавница, никогаш нема да дозволи на себеси да биде непристојна кон келнерот, но никогаш нема да торелира ни непочит од страна на сопственикот на спортскиот клуб во кој е активна.
Таа никогаш нема да ја напушти работата
Дури и ако има милијарди на сметката – тоа за неа нема никаква врска, бидејќи не се парите во прашање. Таа се реализира, ја сака својата работа и не ѝ паѓа на памет сѐ да напушти и да седи дома.
Текстот Десет карактеристики на успешните жени е превземен од Reporter.mk.