Деветгодишниот Новак е најмлад бурекчија на Балканот

Деветгодишниот Новак Стаменковиќ од Ниш наместо да игра со другарите секојдневно прави бурек во бурекчилницата. Тој е најмладиот бурекчија на Балканот, а овој занает во фамилијарната работилница го работи од пет години. Откако ќе ги заврши домашните задачи Новак веднаш оди во пекарницата, па два-три часа минува таму.

„Прво кората ја растегнувам, па ја фрлам, па ја филувам и најпосле ја ставам во тавче за да се пече. Уживам во тоа што го работам“, објаснува малиот Новак на кого омилен бурек му е со месо.

„Доаѓаше, гледаше и учеше. Ние му помогнавме да научи како се отвораат корите. Уште сега е јасно дека ќе биде голем мајстор на бурекот“, рече неговиот постар колега Стефан Стаменковиќ.

„Сопругата и јас сакаме да го продолжи нашиот фамилијарен бизнис, но понекогаш претерува со времето поминато во работилницита“, објаснува татко му Дејан.

Инаку, покрај бурекот, на Новак Стаменковиќ втора љубов му е фудбалот.

 

 

 

Текстот Деветгодишниот Новак е најмлад бурекчија на Балканот е превземен од Reporter.mk.