Седумгодишно девојче од Германија ја изгребала бојата на 37 автомобили. Таа изгравирала снегулки на вратите и направила штета од 30.000 евра, објавила полицијата.
По опсежната потрага на полицијата во источниот град Хохенштајн Ернштал, тие успеале да го најдат сторителот кој ги уништил автомобилите. Тие се изненадиле кога утврдиле дека станува збор за мало девојче.
Детето при испитувањето го признало делото и објаснила дека користела камчиња при гребењето на колите. Службите соопштиле дека тоа не било свесно дека со нејзините цртежи ќе ја уништи бојата на автомобилите.
Текстот Девојче цртало снегулки по автомобилите, направила штета од 30.000 евра е превземен од Reporter.mk.