Девојчето кое стана симбол за страдањата во Јемен почина од глад

Амал Хусеин, седумгодишното девојче од Јемен чија фотографија од насловната страна на „Њујорк Тајмс“ стана симбол на страдањата во оваа земја, почина од последица на глад и неухранетост.

На фотографијата која ја направи новинарот Тајлер Хикс со која освои награда Пулицер, се гледа слабото девојче кое лежи на креветот, а снимена е на 18 октомври на мобилната клиника на УНИЦЕФ во Аслам.

Девојчето патело од сериозна хронична неухранетост, а истиот момент станала симбол на брутална војна која милиони луѓе ги довела до граница на преживувње.

Мајката на девојчето, Мариам Али вели дека срцето и е скршено. Вели дека Амал умрела десет дена откако е примена во болницата. Јемен во 2012 година стана воено поле во војната меѓу сунитите од Саудиска Арабија, кои ги поддржува јеменската влада и шиитите од Иран, кој ја имаат поддршката од шиитските бунтовници.

Во 2015 година насилието достигнало критична точка кога коалицијата на Саудиска Арабија го бомбардираше ова подрачје, кога голем број на луѓе настрадале.

 

A

Текстот Девојчето кое стана симбол за страдањата во Јемен почина од глад е превземен од Reporter.mk.