С.А. (35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар „8-ми септември“, пријавил физички го нападнала непозната девојка пред дискотеката во која работел, оти не ја пуштил да влезе внатре.
„Тој не ѝ дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала лицето“, стои во соопштението од МВР. Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Девојка истепа вратар во скопско диско е превземен од Reporter.mk.