Кејт Грант, 20-годишната девојка од Ирска со Даунов синдром, стана заштитно лице на козметичката куќа „Бенефит“. Оваа компанија ја избра Кејт откако фотографијата на која таа носи молив за очи од „Бенефит“ стана популарна на „Инстаграм“.
„Таа им го отвора патот на луѓето кои доаѓаат по неа. Кејт е свесна за тоа и сака да ја прошири свеста за вклучување на луѓето со различни потешкотии во општеството и тоа го прави од самиот почеток. Свесна е дека може да направи нешто што нејзините пријатели не можат, па својот глас го користи и за нив. Улогата на бренд амбасадорка значи дека ќе ја претставува компанијата во повеќе од 30 продавници ширум светот“, рекла за ирските медиуми нејзината мајка Деидре.
Кејт има голема желба да биде супер модел. Таа неодамна ја освои титулата Teen Ultimate Beauty Of The World, а неодамна се појави како модел на модниот викенд во Белфаст.
„Ми се допаѓа нејзиниот оптимизам. Кога сте млади, сметате дека небото е граница. Кејт тоа не го гледа како нас, дека постојат препреки. Таа не дозволува препреките да ја спречат во нејзиниот пат. Мојата ќерка тврди дека Дауновиот синдром не ја карактеризира, туку таа е само Кејт, обична девојка“, додала мајката на Кејт.
Текстот Девојка со Даунов синдром стана заштитно лице на светска козметичката компанија е превземен од Reporter.mk.