Сноубордингот го обожавала од 15-годишна возраст и иако на 19 години останала без двете нозе, Ејми Перди не се откажала од својот сон.
Ејми Перди е инспиративна девојка која има 285.000 следбеници на Инстаграм. Ампутирани ѝ се двете нозе и деновиве таа отворено проговори за денот кога мислела дека ќе умре.
Тогаш имала 19 години и многу била болна. Се чувствувала слабо, истоштено и телото ѝ треперело и кога станала, сфатила дека не ги чувствува нозете.
„Моите нозе и раце беа виолетови. Тогаш знаев дека ќе умрам“, вели таа. Веднаш била пренесена на ургентно и приклучена на апарати. Дијагнозата била дека се заразила со meningococcal meningitis – сериозна состојба, која може да доведе до смрт. Предизвикана од бактеријата Neisseria meningitidis која ги напаѓа заштитните мембрани околу ‘рбетниот столб и мозокот.
Ѝ било кажано дека има само 2 проценти шанса да преживее, но успеала да преживее. Двете нозе ѝ биле ампутирани, ја изгубила слезината и слухот на левото уво.
„Се сеќавам дека кога ме носеа накај операционата сала да му ги ампутираат нозете бев многу исплашена. Немав идеа каков ќе ми биде животот потоа. Бев сноубордер. Светот е направен за луѓе со нозе. Барем така се чувствував.“
Ејми добила простетички нозе и собрала храброст да појде на планина за да борда. Паднала на задникот и чувствувала дека нозете не ѝ се прикачени за телото. Но, не се откажала од својот сон.
Заедно со Дејвид Гејл, кој во 2015 ѝ станал сопруг, ја отвориле непрофитната организација Adaptive Action Sports во 2005 поради нејзината љубов кон спортот. Таа сакала да им каже на луѓето како неа да не се откажуваат од својата страст кон спортот.
Потоа напишала и книга и успеала снобордингот да издејствува да биде дел од дисциплините на Параолимпијадата. Таа била првата жена што донела дома бронзен медал од сноубординг на Параолимпијада.
Перди е преплашена од предизвиците, но има сила и храброст да се соочи со нив. Таа дури била дел и од шоуто „Dancing With the Stars“, нешто што некој со две простетички нозе не го направил никогаш претходно.
„Верувам дека без разлика на околностите ние сме способни за толку многу. Ако имаме доволно страст, подготвени сме да работиме и сме креативни, тогаш можностите се безгранични“, порачува Ејми.
Текстот Девојката со две ампутирани нозе освои бронза во сноубординг е превземен од Reporter.mk.