Впечатливите модни трендови се оне кои ги паметиме и години подоцна од кога биле моден хит на сезоната. Лани лимон-дезенот се пробиваше полека, а сега стана задолжителен летен тренд што ги освои сите модн писти и улици на модните престолнини.
Ако не ви е пријатно да имате крупни дезени на облеката, тогаш изберете некој впечатлив додаток. Торбата со принт од лимон сигурно ќе привлече бројни погледи, а притоа и ќе го освежи секој аутфит. Бојата на сенф е ин и оваа сезона, а оваа нијанса совршено ќе се вклопи со торбата која има лимон дезен.
Широкото летно здолниште со дезен на лимон и модерните сандали со ремени, совршено прилегаат скому и на секоја градба на телото. Ако ве чека долга летна прошетка, тогаш со оваа комбинација ќе ви биде удобно, а секоја фотографија ќе изгледа како тукушто да сте излегле од некое модно списание.
За оние кои се малку похрабри кога е во прашање принтот, тука се долгите летни фустани кои се потполно покриени со интересни лимон-шари. Белата подлога ќе направи зелените листови и жолтите плодови да привлечат внимание. Лесниот фустан, во зависност од кројот, може да се прилагоди на секоја пригода. Изгледот надополнете го со едноставни додатоци и модни детали.
Комбинирањето блуза со влечатлив принт е многу полесно отколку што е случај со фустанот. Блузата со лимон-дезен може совршено да се вклопи со здолниште или пантолони, а палетата на нијанси е бескрајна. Жолатата, белата и зелената боја одлично ќе одговараат и со потемни и со посветли нијанси.
Ако наидете на комплет блуза и здолниште со истиот принт, тогаш лесно можете да ги искомбинирате меѓусебно, но со и со други различни модни парчиња.
Доколку мислите дека ваквиот дезен е премногу впечатлив за ваш вкус, тогаш комбинацијата ублажете ја со еднобојни парчиња, едноставни обувки и додатоци.
Текстот Дезен со лимон – највпечатливиот моден тренд оваа сезона е превземен од Reporter.mk.