„Дизни“ ќе снима римејк на „Сам дома“

Филмското студио „Дизни“ објави дека ќе снима римејк на легендарниот филм „Сам дома“. Освен за ова, ќе се сними римејк и на неколку други филмови, меѓу кои и „Ноќ во музејот“. „Дизни“ ги поседува правата за овие филмови откако го купи филмското студио 20th Century Fox.

Популарниот филм со Меколи Калкин  имаше премиера 1990 година. Филмот имаше четири продолженија. Од студиото сѐ уште не откриваат кој ќе глуми во римејкот, но велат дека ќе се обидат да ги задржат „истите стандарди и истата креативна дисциплина како и во оригиналот“.

Новиот стриминг-сервис на студиото „Дизни +“ во САД ќе почне да работи од ноември, а во Велика Британија се очекува да почне следната година.

 

Текстот „Дизни“ ќе снима римејк на „Сам дома“ е превземен од Reporter.mk.