dm вредносни подарок-ваучери во износ од 500 и 1.000 денари!

Сѐ она што еден подарок би требало да биде. Брзо и лесно до соодветен подарок за секоја пригода!

Во пресрет на 8 март – Денот на жената, ве запознаваме со можноста на едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок, независно дали станува збор за деловни партнери од понежниот пол или едноставно, за драга личност во вашиот живот.

Овој тип подарок е сè попопуларен во светот, пред сè поради практичноста, односно поради можноста сопственикот на подарок-ваучерот самостојно да ја посети продавницата каде може да го искористи и да го одбере сам производот што сака да го има. Можноста ваучерот да се набави во два различни дизајни и две различни вредности, го прави идеален подарок за секоја пригода.

dm вредносните подарок-ваучери, кои се достапни во износ од 500 и 1.000 денари, може да ги пронајдете во сите dm дрогерии во Скопје, Тетово, Велес, Штип, Куманово и во Битола.

Што всушност претставува dm подарок-ваучерот?

Ваучерот, достапен во износ од 500 и 1.000 денари, всушност е картичка што можете да ја купите од која било dm дрогерија. Личноста што ќе го добие овој подарок-ваучер може да посети која било dm дрогерија и да набави производи во вредност на добиениот подарок-ваучер, односно да ги плати со ваучерот, на ист начин како да плаќа во готовина.

Како се користат подарок-ваучерите од dm?
– Вредноста на ваучерот заменува готовина во истиот износ;
– Сопственикот на ваучерот може да го искористи за набавка на омилените производи во сите dm дрогерии;
– Ваучерот се користи во целост, еднократно!;
– Готовинска исплата или исплата на разликата од вредноста на производите и вредноста на ваучерот не се врши!;
– Ако вредноста на производите е поголема од вредноста на ваучерот, може да се доплати!;
– Цената на ваучерот е трајна и не подлежи на акциските промоции;
– Рокот на важење на ваучерот е траен.

Како осмомартовски подарок, ваучерите се одличен избор и за компании што сакаат да им го честитаат празникот на припадничките на понежниот пол.

Подарете им внимание на своите драги особи, посакајте им добри желби на деловните партнери од понежниот пол, споделете ги веселите моменти со сите свои блиски и израдувајте се себеси. Сето тоа и многу повеќе ви овозможуваат dm подарок-ваучерите.

Текстот dm вредносни подарок-ваучери во износ од 500 и 1.000 денари! е превземен од Reporter.mk.