Овен
Прилично сте загрижени за вашата деловна ситуација. Чувствувате како да имате кочници на секое ќоше. Уживате во моментите поминати со вашиот партнер. Ви претстои ден во кој ќе бидете среќни во љубовта. Внимавајте на здравјето и избегнувајте алкохол.
Бик
Рабоите на деловен план не се одвиваат онака како што сте планирале и со така брзо темпо како на почетокот. Чувствувате дека партнерот не покажува доволно нежност во односот со вас и често сметате дека сте запоставени. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.
Близнаци
Забележувате промени во комуникацијата со соработниците. Чувствувате тензии на работното место. Влегувате во фаза на монотонија и потребни ви се промени за да подобро се согласувате со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Подложни сте на тегоби.
Рак
Пред вас е ден во кој на деловен план ќе имате голем број на понуди кои ќе бидат мошне прифатливи за вашето око. Ако сте слободни, ве очекува поволен ден за нова љубовна врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со тахикардијата.
Лав
Ако се занимавате со приватна работа, ве очекува поволна фаза за промени, кои позитивно ќе се одразат на вас. Ќе имате мали копликации во односот со личноста кон која имате силни чувства. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на проблемите со градниот кош.
Девица
Обидете се да бидете трпеливи кога е во прашање работата. Потребно ви е време за да ги решите сите проблеми кои се насобрале од минатото. Променете го вашиот пристап во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа, па ќе имате поголема шанса кај неа. Внимавајте на здравјето и посетете лекар.
Вага
Не влегуваје во непотребни ризици кога е во прашање работата и финансиите. Обидете се да не вложувате во нови проекти. Се чувствувате немоќно да ги промените околностите во кои се наоѓате на љубовно поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите и непцата.
Скорпија
Поработете на вашата концентрација на деловен план и избегнувајте да создавате поголеми проблеми. Ќе имате можност да запознаете личност која ќе покаже дека е искрена кон вас. Внимавајте на здравјето и искористете го денот за одмор.
Стрелец
Не би требало да имате проблеми денес, кога станува збор за работата. Денот би требало да ви помине мазно. Ве очекува позитивен период на деловен план. Заљубени сте во личоста со која се гледате веќе некое време и сакате да влезете во сериозна врска. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со позитивна енергија.
Јарец
Можно е денес да имате мали компликации кога е во прашање работата. Не ви одговара тоа што сте сами и подготвени сте да се свртите кон нови познанства. Сакате промени на љубовно поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.
Водолија
Денешниот ден не е претерано поволен за работа. Можете да очкеувате мали компликации на деловен план. Лесно влегувате во флерт со личноста која ви е многу драга. Внимавајте на здравјето. Чувствителни сте и подложни на разни заболувања и проблеми.
Риби
Ве очекува поволна атмосфера на работа која е потребно да ја искористите за да напредувате во кариерата. Се двоумите и не сте сигурни како да се поставите во односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.
Текстот Дневен хороскоп за 1 април, биковите се чувствуваат запоставено, овните подалеку од алкохолот е превземен од Reporter.mk.