Овен
Можеби ќе имате некои проблеми и тоа во вид на некоја повреда, операција, средби со лица во униформи кај припадниците на знакот кои се во некој приватен бизнис, но можни се и некои непланирани финансиски загуби. Доколку викендов ништо не се случи, бидете мирни бидејќи планетарните аспекти ќе престанат да делуваат.
Бик
Проблемот кој овие два дена ќе го имате се однесува на вашето здравје. Се чувствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете во нормална мера. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот.
Близнаци
Ќе ги забележувате површните и напнати меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или ќе ги трпите нервозата и неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и спрема семејството.
Рак
Без некоја поголема причина ќе бегате од партнерот и пријателите барајќи осаменост. Најдобро е кога би можеле да тргнете во прошетка, кино, попладневно кафе и сл. Потребна ви е одредена мерка на слобода или можеби нова љубовна врска. На работното место се прилагодивте на вообичаениот ритам на работа.
Лав
Ќе потврдите дека умеете да заведувате. Склони сте кон флерт, а сега особено ви е нагласена таа склоност. Ќе зрачите со шарм и убавина и полни сте со желба за задоволства. Сепак избегнувајте непромислени љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на две столици одеднаш.
Девица
Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистна ви прави големи проблеми.
Вага
Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.
Скорпија
Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов. Слободните можеби ќе се најдат во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавуваат и ќе разговараат.
Стрелец
Не ја пропуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.
Јарец
Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата.
Водолија
Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа е заљубеноста? Преиспитајте се добро. Децата ќе ви приредат некакво изненадување или пак можеби вие нив. Доколку не сте во врска, можеби токму овие два дена ќе ви донесат среќа.
Риби
Викендот ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега.
Текстот Дневен хороскоп за 1 септември е превземен од Reporter.mk.